ГЛАСОВИТЕ ОД ДУИ ЗА ПЕНДАРОВСКИ ВО ВТОРИОТ КРУГ ЌЕ БИДАТ УСЛУГА ЗА СИЛЈАНОВСКА Милошоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност
Имајќи го предвид имиџот на ДУИ како корумпирана партија која над 20 години е на власт и којашто е инволвирана во многу скандали, може да се очекува дека поддршката за Пендаровски од Мала Речица ќе мобилизира многу граѓани да излезат да гласаат против ДУИ и нивниот протеже, изјави пратеникот Антонио Милошоски.
Поддршка од ДУИ за Стево Пендаровски во вториот круг ќе биде добро за Гордана Силјановска, анализира шефот на парламентарната комисија за надворешна политика Антонио Милошоски во „Анализа“ на 24ТВ.
– Имајќи го предвид имиџот на ДУИ како корумпирана партија која над 20 години е на власт и којашто е инволвирана во многу скандали, може да се очекува дека поддршката за Пендаровски од Мала Речица ќе мобилизира многу граѓани да излезат да гласаат против ДУИ и нивниот протеже – смета Милошоски.
Ако ДУИ директно ги повика своите симпатизери во вториот круг да гласаат за Пендаровски, додава пратеникот, тоа практично ќе значи направена услуга за професорката Силјановска.
– Се согласувам дека никој не ги носи своите гласови во својот џеб и дека не може секој кандидат да ги префрли гласовите од едно на друго конто. Ќе биде тоа слободна волја на гласачите, но очекувам дека опозициската волја ќе доминира и во вториот изборен круг. Тоа е нашето мислење. Во тој контекст сметам дека Силјановска има голема предност. Работата на претседателот Пендаровски може да се оценува и таа оценка не е задоволителна – рече Милошоски.