„ГЛАСОТ Ѝ ТРЕПЕРЕШЕ, ДЕЦАТА Ѝ ПЛАЧЕЛЕ“ Гаши објасни како се нашол во ситуација да ѝ помогне на косовската претседателка на скопскиот аеродром
На новинарско прашање дали претседателот на Собрание има ингеренции да испраќа обезбедување да решава инциденти на аеродром, тој одговори дека во описот на работното место на претседателот на Собранието нема одржување брифинзи со новинари, но дека тој сепак одржува брифинзи.
Ми се јави претседателката на Косово, Вјоса Османи, гласот ѝ трепереше, бараше помош. Ми рече дека има проблеми на скопскиот аеродром и дека ја разделиле од децата кои исто така биле на аеродромот. Ми рече дека децата се многу исплашени и дека плачат. Морав да помогнам. Не знам кој човек не би помогнал ако некој го моли за помош.
Ова го изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите, уште еднаш објаснувајќи како се случил инцидентот на скопскиот аеродром.
– Претседателот на Собранието нема свое обезбедување, туку тој е обезбедуван од МВР. Тие луѓе се полицајци и тие треба да ги знаат законите и своите овластувања. Така што, отсега одговори барајте од МВР, а не од Собранието. Бев повикан на телефон од претседателката на Косово, гласот ѝ трепереше, ми рече дека децата плачат. Веднаш изреагирав затоа што сакав да помогнам и среќен сум затоа што успеав да спречам поголем инцидент – рече Гаши.
На новинарско прашање дали претседателот на Собрание има ингеренции да испраќа обезбедување да решава инциденти на аеродром, тој одговори дека во описот на работното место на претседателот на Собранието нема одржување брифинзи со новинари, но дека тој сепак одржува брифинзи.
– Сите ние треба да ги почитуваме законите. Јас сум обврзан со закон кога треба да одам негде да ги известам членовите на моето обезбедување. Јас сакав лично да одам на аеродром и да го решам инцидентот, но тогаш се одвиваше седница во Собранието и бев повикан на тој состанок. Затоа моето обезбедување беше испратено таму, бидејќи планот беше јас лично да го решам инцидентот – рече Гаши.