ГЛАСОТ ШТО ВРЕДИ ЌЕ СЕ СЛУШНЕ ПОГЛАСНО ОД КОГА БИЛО НА 2 НОЕМВРИ Коалицијата Вреди повика да се гласа за бројот 7

564

Коалицијата Вреди ги повика граѓаните да го заокружат бројот 7 во општините каде што има свои кандидати.

Од Коалицијата сметаат дека победата на 19 октомври беше голема пресвртница во албанските општини. Од Чаир и Сарај, до Арачиново, Желино и Теарце, Албанците зборуваа со еден глас, гласот што избра надеж и работа наместо измама. Велат дека од тој ден, духот на промените расте секојдневно од Тетово до Дебар, од Боговиње до Брвеница, од Струга до Студеничани и сè до Долнени. Вреди очекува на 2 ноември, Албанците да го затворат ова поглавје со гордост „запечатувајќи со своите гласови вербата дека оваа земја може да се води поинаку, со работа и одговорност.“






„Во Тетово, Билал Касами е пример за лидерство кое има мисија за својата работа. Во Боговиње, архитектот Фети Абази ги поставува темелите на нова политика. Во Брвеница, Хаќим Рамадани ги освојува срцата на луѓето со едноставност и чесност. Во Дебар, Фисник Мела го носи духот на граѓанството и политиката со карактер. Во Струга, Менди Ќира го обединува градот со смиреност и доверба. Во Студеничане, Азем Садику отелотворува искуство, доверба и блискост со луѓето. Во Долнени, Блерим Ислами ги инспирира младите луѓе дека времето на можности и надеж е сега. Ова е новиот бран што ги обединува Албанците низ целата земја. Албанците го кажаа својот збор и тој збор Вреди“, се наведува во соопштението на Вреди.

 

 

Поврзани содржини