🎥 ГЛАСОТ НА МАКЕДОНКА ГО ОСВОИ ЖИРИТО НА „ГЛАСОТ НА ГЕРМАНИЈА“ Струмичанката Тина Русева воодушеви на големото музичко натпреварување

Струмичанката Тина Русева која со семејството живее во Германија, настапи и ги воодушеви членовите на жирито и публиката на музичкиот натпревар „The Voice of Germany“ со маестралната изведба на песната „Do It Like A Dude“ од британската пејачка Џеси Џеј

157

Струмичанката Тина Русева имаше маестрален настап во дебито на големото музичко натпреварување  „The Voice of Germany“.

Таа имаше одлична интерпретација на песната „Do It Like A Dude“ од британската пејачка Џеси Џеј и, како што велат во коментарите сите Македонци кои го следеле настапот, едноставно растурила на сцена.






Доминација на сцена, глас, самоувереност… си ги зеде своите 5 минути и блесна со сиот свој сјај.
Тина ја освои публиката и жирито кое имаше супер позитивна реакција на комплетниот настап на, како што велат, новата музичка ѕвезда.
Погледнете го нејзиниот настап.

Подолу во видеото видете уште дел од разговорот на Тина со жирито после настапот.

Поврзани содржини