Точно навреме во 7 часот се отворени избирачките места во Прилеп и општините од тој регион. Во Прилеп право на глас имаат 64 004 граѓани. Гласањето почна непречено и без проблеми со спроведување и почитување на мерките за заштита, информираат од општинската изборна комисија.
Од 142 ќе се гласа на 130 избирачки места, 12 се соединети зашто имаат под десет регистрирани гласачи. 13 избирачки места се дислоцирани за задоволување на просторните услови за безбедно гласање.
Во 7 часот почна гласањето во општина Кривогаштани каде што има 4.802 гласачи на 13 избирачки места, во општина Долнени своето право на глас може да го остварат 11 686 избирачи на 40 гласачки места.
Во Крушево се запишани 7 920 гласачи кои денеска до 21 часот може да гласаат на 22 избирачки места.