ГЛАСАЊЕТО Е ПРОДОЛЖЕНО ДО 20.40 ЧАСОТ ВО ЕДНО МЕСТО ВО КАРПОШ Се заглавил уредот за читање податоци
Имало проблем со заглавена смарт картичка, уредот не можел да се замени – рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко, вечерва на прес конференција.
Гласањето е продолжено до 20.40 минути во избирачкото место 2603 во општина Карпош, поради тоа што откажал уредот за читање на личните карти. Таму гласачите се идентификуваат со УВ ламба и спреј.
– Имало проблем со заглавена смарт картичка, уредот не можел да се замени – рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко, вечерва на прес конференција.
Продолжување на гласањето во други избирачки места низ државата нема.