📽 ГЛАДНИ ВОЛЦИ ШЕТААТ ВО СЕЛОТО НА ЦЕЦА Страшни сцени снимени на југот на Србија

Волците упаднаа во една куќа во центарот на Житораѓа и при тоа откинаа куче од синџирот и го изедоа. Ова не е ништо чудно во зимски услови бидејќи во недостиг на храна се приближуваат и напаѓаат домашни животни, сведочат локалните жители.

6,916

 

Необичен настан деновиве ги вознемири жителите на селото Житораѓа во јужна Србија. Во родно место на популарната српска пејачка Цеца Ражњатовиќ, волци се симнале од околните шуми, слободно шетаат околу куќите и ги напаѓаат кучињата.






Како што изјавил член на локалното Ловечкото друштво, волци биле забележани во строгиот центар на Житораѓа.

– Волците упаднаа во една куќа и при тоа откинаа куче од синџирот и го изедоа. Ова не е ништо чудно во зимски услови бидејќи во недостиг на храна се приближуваат и напаѓаат домашни животни – рече тој за српските медиуми.

На повик на полицијата излегол ловџија и набрзо ги застрелал волците.

-Имав претходно искуство со волци. Не се плашев кога ги застрелав овие два волка. Беше навистина збунувачки бидејќи волците беа во близина на куќите. За среќа, тие се отстранети без никакви последици по луѓето – вели ловецот.

Поврзани содржини