ГИРКИН СТРАВУВА ДЕКА ЌЕ ЗАВРШИ КАКО ПРИГОЖИН Виновникот за уривање на авионот со 298 патници, во Русија осуден за критики кон Путин!
Игор Гиркин, 53-годишен поранешен полковник на руската разузнавачка служба кој во 2022 година во Холандија беше осуден за уривање на патничкиот авион МХ17, денеска е осуден од московскиот суд за поттикнување екстремизам по серија остри критики кон рускиот претседател Владимир Путин, на казна од 4 години во руска казнена колонија.
Игор Гиркин, човекот одговорен за уривањето на авионот МХ17 над Украина, во авионската несреќа од 2014 година во која загинаа 298 лица, е осуден во Русија. Но во руската пресуда Гиркин не е осуден за убиство на 298 луѓе, туку затоа што на социјалните мрежи премногу се жалел на раководството на рускиот претседател Владимир Путин во војната против Украина.
Гиркин, провоен руски националист, денеска беше прогласен за виновен од московскиот суд под обвинение за поттикнување екстремизам, откако неговата серија остри критики кон рускиот лидер отиде предалеку според стандардите на руското општество.
Претходно тој беше осуден во отсуство во холандски суд за соборување на патничкиот авион МХ17 кој летал од Амстердам за Куала Лумпур во 2014 година. Рускиот суд денеска го осуди Гиркин за критики кон Путин на социјалните мрежи, на четири години во руска казнена колонија. Судењето се одвиваше зад затворени врати.
– Јас ѝ служам на мојата земја! – рече Гиркин кога судијата го праша дали ја разбира пресудата.
Стар работодавец на Гиркин, Федералната служба за безбедност (ФСБ), наследник на КГБ од советската ера, го покрена случајот поради неговите објави на Телеграм, кои тие ги сметаа за екстремистички. Во овие постови, Гиркин го осуди раководството на два руски полкови на анектираниот Крим, предлагајќи остри казни за службениците.
„Повеќето од семејствата на мобилизираните борци, три месеци три месеци не добиле плата, додека хранителите ги ризикуваа своите животи и здравје на првата линија на фронтот… Егзекуција со стрелање не е доволно за вакво нешто“ – напиша Гиркин.
Според руската независна новинска агенција СОТА, Гиркин ги бранел своите објави пред судот како емотивни изјави, но се изјаснил за невин.
Тие објави, сепак, не ги содржеа најжестоките критики на Гиркин кон Путин и Кремљ. Тој го опиша Путин како „врховен подкомандант“, ги нарече руските генерали „кловнови“, а службениците „идиоти“.
Додека е во притвор, Гиркин најави дека планира да се кандидира против Путин на овогодинешните претседателски избори во Русија, но неговата кандидатура не е регистрирана.
Во интервју за рускиот медиум База, објавено минатиот декември, тој го спомна својот страв дека ќе ја доживее истата судбина како и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во 2023 година по бунтот против Путин.
Гиркин, 53-годишен поранешен полковник на руската разузнавачка служба кој го носи прекарот Стрелков („Стрелец“), познат е по тоа што ги предводеше руските паравоени сили во украинскиот регион Донбас во 2014 година. Кратко време служеше и како министер за одбрана во Народна Република Доњецк, руска марионетска држава.
Во 2022 година, холандскиот суд ги прогласи Геркин и уште двајца обвинети за виновни за убиство од небрежност при соборувањето на патничкиот авион МХ17 над Украина во јули 2014 година, при што загинаа 298 лица, меѓу кои 196 беа холандски државјани. Тие беа осудени во отсуство на доживотен затвор. Гиркин негираше каква било вмешаност во истрелувањето на проектилот.
По Донбас, Гиркин се претвори во ултра-националистички воен коментатор, критикувајќи ја руската тактика при инвазијата на Украина. Во април 2023 година, тој го основа „Клубот на лути патриоти“, националистичка организација позната по своите критики за неуспехот на руската влада во украинската војна.