Гинзбург: Гарантираме дека вакцината Спутник V штити најмалку девет месеци

Директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија и голем број други истражувачи од Институтот биле меѓу првите луѓе кои ја примиле Спутник V.

329

Директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Александар Гинзбург изјави дека е докажано оти вакцината Спутник V против ковид-19 обезбедува имунитет најмалку девет месеци.

– Моментално, експериментално можеме да гарантираме дека вакцината Спутник V обезбедува имунитет околу девет месеци и малку повеќе од тоа – рече Гинзбург за телевизијата „Русија 24“.






Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи од Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите луѓе кои ја примиле Спутник V.

– Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото што ни овозможува на сите да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест – изјави рускиот научник.

Поврзани содржини