Гинеколошко-акушерското одделение во Куманово почна да работи

188

Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница во Куманово од денеска почнува со редовна работа и ќе ги прима сите пациентки и родилки.

– Многу е важно да се почитуваат препораките. Родилките треба да доаѓаат со маски, да се почитуваат општите препораки, да доаѓаат пред одделението само со еден придружник, еден член од семејството – изјави директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева.

Од денеска со редовна работа продолжува и кожната амбуланта во болницата. За рестартирањето на останатите одделенија од Болницата ќе чекаат препораки од Министерството за здравство.

Поврзани содржини