ГИНЕКОЛОГОТ ЈА ОТКРИЛ ИЗМАМАТА Девојка од Џепчиште лажно пријавила силување
Откако врз девојката бил извршен гинеколошки и телесен преглед, било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело, велат од СВР Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(22) од с.Џепчиште, поради сомнеж дела лажно пријавила силување.
Двојката на крајот на април годинава пријавила дека била силувана.
– На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с.Џепчиште. После тоа, врз неа извршен бил гинеколошки и телесен преглед, при што било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело – велат од СВР Тетово.