ГИ ЗНАЕ ПРОБЛЕМИTE НА СКОПЈЕ, А ВТОР КРУГ НЕ Е ПРОБЛЕМ Каја Шукова вели дека Петре Шилегов ѝ помогнал да изгради визија за Скопје

Потпертседателката на СДСМ уверува дека влегла во трката за градоначалник на Скопје влегла бидејќи има сериозна кариера во областите што му се потребни на градот.

217

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, која е и единствената жена кандидат за главниот град,  вели дека ќе има втор круг на изборите и дека ќе влезе во вториот круг.

– Секако ќе има втор круг, тоа е проста математика. Ја секако ќе влезам во вториот круг – рече Шукова во првото телевизиско соочување со нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој пак верува дека ќе победи уште во првиот круг.






Шукова, како што изјави, влегла во трката за градоначалник затоа што има сериозна кариера во областите што му се потребни на Скопје како делот за животната средина, комуналните дејности…

– Цел живот сум во животната средина и тоа не само на прашањата на животната средина и не само во креирањето на законите, туку и во имплементацијата на проектите. Го следев процесот на децентрализација сите овие години, знам кои се проблемите на локалните самоуправи и токму поради тоа и се одважив да се пријавам за оваа трка – рече Шукова на телевизиското соочување на Канал 5.

Одговарајќи на прашање од нејзиниот противкандидат дали ќе се повлече политички доколку нема втор круг на изборите, Шукова рече дека не размислува за такво нешто, затоа што како потпретседателка на СДСМ останува да ѝ помогне на партијата во нејзината консолидација.

Шукова, исто така, посочи дека е во добри односи со поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, но дека немало потреба тој јавно да се вклучува во кампањата.

– Апсолутно ми помогна во сето она што беше како визија за Скопје, каде застанал Шилегов и каде треба да продолжиме за сите проекти – посочи Шукова.

Поврзани содржини