Ѝ ГИ ЗАТВОРИЛ НОСОТ И УСТАТА И ЈА ЗАДУШИЛ Против 43-годишник поднесено обвинение за монструозно убиство
Телото на убиената жена било пронајдено од нејзината ќерка, која веднаш го пријавила случајот во полиција.
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против 43-годишен маж за тешко кривично дело – убиство, откако истрагата утврдила дека тој ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка во нејзиниот дом на улицата Ѓуро Салај во Кавадарци.
Злосторството, според обвинителството, се случило во периодот помеѓу 20 и 22 јануари 2025 година. Обвинетиот, при извршување семејно насилство, ја задушил жртвата – 52-годишната С.С.С., свесно затворајќи ѝ го носот и устата и предизвикувајќи механичко задушување.
Телото било пронајдено од нејзината ќерка, која веднаш го пријавила случајот во полиција.
„По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Кавадарци обезбедија материјални докази и дојдоа до сознание дека И.П. го сторил делото. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор од 30 дена“, соопшти тогаш Министерството за внатрешни работи.
Осомничениот беше спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија. Обвинителството веќе поднесе и предлог за продолжување на притворот до завршување на судската постапка