ГИ ЗАТРУПАЛА ОГРОМНА КОЛИЧИНА ТЕЧЕН БЕТОН Четворица работници загинаа во Виена откако се урна скеле

Во спасувачката акција учествувале 120 пожарникари кои ги извлекувале настраданите користејќи кран, дигалки, но и сопствените раце.

131

Најмалку четворица работници загинаа, а еден е потешко повреден при уривање на градежна конструкција на градилиште во централниот дел на Виена, потврдија денеска локалните противпожарни служби по обемната спасувачка операција.

Несреќата се случи во виенскиот кварт Алсергрунд, во близина на центарот на градот, додека работниците изведувале бетонски работи во внатрешниот двор на една зграда. Според портпаролот на противпожарната служба, жртвите биле затрупани под скелиња, дрвена оплата и големо количество течен бетон.






Во спасувачката акција учествувале 120 пожарникари кои ги извлекувале настраданите користејќи кран, дигалки, но и сопствените раце.

Властите почнаа истрага за случајот и посебно за тоа што довело до тоа да попушти конструкцијата.

Поврзани содржини