ГИ ЗАСТРЕЛАЛ ДВАТА СИНА, ПА СЕ САМОУБИЛ Албанец од Хамбург ја шокираше Германија

Лекар од итна помош се обидел да ги реанимира децата, но напорите биле безуспешни. Според соседите таткото убиец често го малтретирал семејството, а упатувал закани и до роднините, кои го пријавувале во полиција за семејно насилство.

4,326

Страотна трагедија се одиграла во албанското семејство на 44-годишниот Фламур Р. во местото Клајнер Глинер Берг близу Хамбург, кога тој ги застрелал двата синови, кои имале 13 и 11 години, ја ранил сопругата Авдије(38), а потоа сам си пресудил. Сè се случило во 22:53 часот, а кога пристигнале шест полициски автомобили жива ја нашле само Авдије со прострелна рана и ја однеле во болница.

 






Лекар од итна помош се обидел да ги реанимира децата, но напорите биле безуспешни. Според соседите таткото убиец често го малтретирал семејството, а упатувал закани и до роднините, кои го пријавувале во полиција за семејно насилство. Сепак, тие пред јавноста личеле на среќно семејство.

Поврзани содржини