ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Постериорна уретрална валвула (ПУВ)
Приближно една третина од пациентите родени со ПУВ напредуваат до крајниот стадиум на бубрежно заболување и на сите пациенти им е потребна периодична долготрајна уролошка нега.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите
ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ,
по седми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и
со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме
предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има
некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…
ПОСТЕРИОРНА УРЕТРАЛНА ВАЛВУЛА (ПУВ)/ POSTERIOR URETHRAL VALVE
MKБ-10 Q64.21
ПРЕВАЛЕНЦА – постериорната уретрална валвула е забележана кај приближно 1 на 5 000
живородени машки деца (1-9/ 100 000 население.
Постериорна уретрална валвула (ПУВ) е конгенитална аномалија која ги зафаќа машките
новороденчиња. Истата вклучува присуство на абнормални мембрани на ткивото во
уретрата кои прават опструкција или го блокираат нормалниот проток на урина водејќи до
разни компликации, од кои карактеристична е задршката на урина која води до ретроградна
дилатација на уретерите и бубрезите што како резултат води до нивно оштетување.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.