ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: МЕЛКЕРСОН-РОЗЕНТАЛОВ СИНДРОМ Отоци, лицева парализа и набразден јазик
Орофацијален едем е присутен кај 80% од случаите. Се карактеризира со присуство на абнормална и патолошка акумулација на течности која создава воспаление или оток на зафатеното подрачје. Може делумно или во потполност да ги зафати лицето, јазикот, непцата или оралната слузница. Најчесто се зафатени усните, посебно горните
Со едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ на Здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“, секој ден во февруари се зборува за една ретка болест, начинот на дијагностицирање, третманот и предизвиците со кои се соочуваат луѓето што живеат со неа.
Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите? – се прашањата кои се откриваат во кампањата.
Дознајте повеќе за Мелкерсон-Розенталовиот синдром/Melkersson-Rosenthal syndrome, на порталот „Мајка и дете“.