ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Како да ја препознаете нарколепсијата и кои се нејзините симптоми?
Нарколепсијата е доживотен проблем, но обично не се влошува со стареењето. Симптомите можат делумно да се подобрат со текот на времето, но никогаш нема целосно да исчезнат.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по седми пат ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од нашиот охридско – струшки регион. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…
НАРКОЛЕПСИЈА/ NARCOLEPSY
MKБ-10 G47.4
Преваленца – 25–50/100 000 (нарколепсија тип 1)/ 20–34/100 000 (нарколепсија тип 2).
Инциденца – 0,74 на 100 000 луѓе годишно
Нарколепсијата е хронично невролошко нарушување кое влијае на способноста на мозокот да ги контролира циклусите на спиење и будење. Луѓето со нарколепсија можат да се чувствуваат одморени по будењето, а потоа да бидат поспани во поголемиот дел од денот.
Многу луѓе со нарколепсија исто така доживуваат нерамномерен и сегментиран сон со често будење во текот на ноќта. Нарколепсијата подеднакво ги погодува и мажите и жените.
Симптомите често започнуваат во детството и адолесценцијата, но можат да се појават во секој период од животот. Бидејќи луѓето со нарколепсија честопати погрешно се дијагностицираат со други состојби, како што се психијатриски нарушувања или емоционални проблеми, можат да поминат и години додека се утврди соодветната дијагноза.
Нарколепсијата може да влијае на секојдневните активности во голема мера. Луѓето можат неволно да заспијат дури и за време на некоја активност, како возење, јадење или зборување.
Други симптоми кои можат да се појават се ненадејна мускулна слабост во будност, халуцинации слични на сонови и целосна парализа непосредно пред заспивање или веднаш по будење.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.