ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ Хередитарна хеморагична телеангиектазија
Најчестите клинички знаци на наследната хеморагична телеангиектазија (НХТ) вклучуваат крвавење од носот, често од детството и кожни или мукозни телеангиектази кои генерално се манифестираат подоцна и се зголемуваат со возраста, каде што анемијата може да стане важен дел од болеста.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена и оваа година, петта по ред, ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…
Хередитарна хеморагична телеангиектазија/Hereditary hemorrhagic telangiectasia
МКБ I78.0
Преваленца/распространетост: 1-5/10.000
Поделби на наследната хеморагична телеангиектазија:
- наследна хеморагична телеангиектазија Тип 1;
- наследна хеморагична телеангиектазија Тип 2;
- синдром на преклопување на јувенилна полипоза – наследна хеморагична телеангиектазија (JPHT/JPHHT).
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.