ГИ ЗАПОЗНАВАМЕ РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ: БИРДШОТ ХОРИОРЕТИНОПАТИЈА Се појавува претежно кај жени и на возраст од 35 до 70 години

Оваа болест претежно ги погодува индивидуите на средна возраст и почесто жените отколку мажите. Во раниот тек на болестa, кај пациентите можат да се појават благи симптоми кои го одложуваат третманот што често може да резултира со трајни промени на видот.

103

Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој оваа година е редок по своите ретки 29 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по шести пат редакцијата на „Република“ во соработка со Здружението „Ретко е да си редок“ секој ден во февруари ќе објавува текстови со кои јавноста поблиску ќе се запознае со ретките болести од кои заболува и со кои се соочува и живее населението од охридско – струшкиот регион.

Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воопшто се пристапни и достапни лековите?…






БИРДШОТ ХОРИОРЕТИНОПАТИЈА/ BIRDSHOT CHORIONRETINOPATHY
MKБ-10 H30.1

ПРЕВАЛЕНЦА

Бирдшот хориоретинопатија се сретнува помеѓу 0,6 и 1,5 % од популацијата. Болеста е почеста кај северноевропските земји со женска доминација. Состојбата обично се јавува кај кавкаската популација на возраст од 35 – 70 години, со просечна возраст на дијагноза на 50 години.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини