ГИ ЗАПАЛИЈА МАСКИТЕ, ГО ИСТЕРАА ЗЛОТО Вевчанци ја почнуваат годината со среќа и со бериќет
Вевчанскиот карневал има традиција од близу 15 векови и со својата автентичност и обичаи се разликува од останатите карневалски манифестации, видејќи има посебна симболика.
Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година. Со тоа официјално заврши и годинашниот вевчански карневал.
Палењето на маските, според Александра Велкоска, туризмолог од Вевчани, е понов обичај, но е прифатен меѓу населението и станал дел од традицијата.
Вевчанскиот карневал има традиција од близу 15 векови и со својата автентичност и обичаи се разликува од останатите карневалски манифестации. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијанскиот календар
Вевчани изминативе два дена наликува на отворена театарска сцена, а досетливите вевчанци на несекојдневен и сатиричен начин ја отсликаа негативните случувања дома и во светот во текот на една година.