Ѝ ГИ УКРАЛ СЛИКИТЕ ОД ПРОФИЛОТ ПА БАРАЛ СЕКС ЗА ДА ГИ ИЗБРИШЕ Тетовец сексуално вознемирувал и уценувал малолетничка

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

419

Тетовец е приведен поради сексуално вознемирување и уценување на малолетничка, соопшти полицијата.

И.С. (29) од селото Церово вчера е лишен од слобода.






Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили со нејзино име на кои поставил нејзини слики, кои без нејзина дозвола ги зел од нејзиниот профил од една социјална мрежа. Потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите.

И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Поврзани содржини