ГИ УДРИЛ СО КОЛА, ПА ИМ СЕ ЗАКАНИЛ СО НОЖ И ЈА ПРЕТЕПАЛ ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ Обвинителството побара притвор за насилникот

Настанот се случил на 27 декември 2023 година, додека оштетените, мајка и син, со своето возило се движеле по булеварот Јане Сандански во Скопје кон својот дом. Осомничениот ги удрил со неговиот автомобил, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвено.

374

Основното јавно обвинителство Скопје информира за случај на грубо насилство, за кое поведе истражна  постапка. Во случајот е осомничено 65-годишно лице кое  предизвикало сообраќајна несреќа, а потоа на возачот ос спротивното возило му се заканил со нож, а неговата мајка ја влечел за коса и ја  тепал со клоци и со тупаници.

Настанот се случил на 27 декември 2023 година, додека оштетените, мајка и син, со своето возило се движеле по булеварот Јане Сандански во Скопје кон својот дом. Осомничениот ги удрил со неговиот автомобил, непрописно поминувајќи преку пешачки премин на црвено. Синот, кој управувал со возилото, тргнал по осомничениот и на следната крстосница излегол да го праша зошто ги удрил. Осомничениот тогаш излегол од автомобилот со нож во раката и почнал да му се заканува.






Исплашен, синот се вратил во возилото во кое била и неговата мајка, но осомничениот влегол во својот автомобил и тргнал во рикверц, со што повторно го удрил возилото на оштетените. Расправијата продолжила, а кога од автомобилот излегла мајката, осомничениот ја фатил за коса и започнал да ја влече по што насилно ја турнал во својот автомобил и започнал да вози кон Лисиче.

По околу 600 метри застанал, ја извадил жената од колата и физички ја нападнал, удирајќи ја со клоци и тупаници и заканувајќи ѝ се дека ќе ја фрли во Вардар. Жената претрпела тешки телесни повреди – три скршеници и потрес на мозок.

Обвинителството соопшти дека постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело – Насилство како и Предизвикување општа опасност. Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ги повтори кривичните дела.

Поврзани содржини