ГИ УЧЕЛЕ ЗА СЕКС НА КРАЈНО БЕЗОБРАЗЕН НАЧИН Средношколски глас бара да се расчисти кој се поигрувал со нивните врсници
Средношколската организација апелира до сите надлежни институции да се преземат соодветни мерки за расчистување на случајот, како во случајот „Јавна соба“, каде голем дел од жртвите беа средношколци.
Средношколската организација Средношколски глас денеска најостро да го осуди извидничкиот камп каде на нивни врсници им било презентирано сексуално образование на, како што велат, еден крајно недоличен и безобразен начин.
„Јавно апелираме до сите надлежни институции да се преземат соодветни мерки за расчистување на случајот, како во случајот ‘Јавна соба’, каде голем дел од жртвите беа средношколци“, наведуваат од Средношколски глас.
Средношколската организација вели дека сексуалното образование е клучно во здравиот развој на средношколците, но дека тоа е исто така една многу сензитивна тема.
„Со таа цел ние како Средношколски глас се залагаме и апелираме до надлежните институции за изготвување програма за сексуално образование која ќе биде во рамки на средните училишта, строго регулирана и спроведена од професионалци на тоа поле“, се наведува во реакцијата на средношколската организација, која ги претставува средношколците и нивните интереси.