📽️ ГИ УБЕДУВАА ДЕКА „МИРАЖОТ“ Е КРШ, СЕ СРУШИ ВО ПОЛЕ ВО УКРАИНА Француски авион вреден 30 милиони евра заврши неславно

Иако француската страна испрати и обука и логистика, авионот од самиот почеток беше под лупа поради годината на производство, резервните делови и можноста за одржување во услови на војна. Првиот масовен ангажман го имаше уште на 7 март годинава за пресретнување руски дронови и крстосувачки ракети.

943

Францускиот „Mirage 2000“, што Украина го доби без многу ентузијазам, заврши неславно во полето кај регионот Волин поради дефект.

„Се случи дефект на опремата, пилотот веднаш го пријави и постапи според протокол, успешно се катапултираше“, соопшти украинското воздухопловство.ш






Пилотот останал во стабилна состојба, а никој на земјата не настрадал.

Украинските валсти формираа комисија за истрага. Ова е првиот изгубен „Mirage 2000-5F“ откако Франција почна да ги испорачува во Украина во февруари годинава.

Но, уште од старт, експерти и поранешниот министер за одбрана, Олексиј Резников, предупредуваа дека францускиот воена авион не носи голема предност пред старите МиГ-ови на Украина.

– „Mirage 2000“ не е технолошки супериорен во однос на МиГ-29 и не одговара на нашите стратешки потреби – дециден беше Резников.

 

Иако француската страна испрати и обука и логистика, авионот од самиот почеток беше под лупа поради годината на производство, резервните делови и можноста за одржување во услови на војна. Првиот масовен ангажман го имаше уште на 7 март годинава за пресретнување руски дронови и крстосувачки ракети.

Сепак, на крајот, не ракета, туку технички недостаток го сруши леталото.

Несреќата го отвора прашањто за тоа колку е тешко да се одржуваат западни авиони на линијата на фронтот. Во случајот со францускиот Мираж, безбедносниот систем за катапултирање го спаси пилотот од полош исход.

Истрагата треба да даде одговори за причините.

Освен на француските „Миражи“, Украина се потпира и на воените авиони Ф-16 во обидот да одговори на руските напади.

Mirage 2000-5F претставува повеќенаменски борбен авион од четвртата генерација, дизајниран од француската компанија Dassault Aviation. Познат по својата маневрирачка способност, тој се користи и за воздушни дуели и за напади врз цели на земја.

Верзијата -5F што ја доби Украина, има напреден радар и може да користи повеќе типови ракети воздух-воздух, но според повеќето воени експерти, технолошки веќе заостанува зад поновите авиони како F-16 или руските Су-35.

– За жал, изгубивме борбен авион. Многу ефикасен француски авион, еден од нашите ловци Мираж – рече Зеленски во говорот емитуван на неговата официјална веб-страница.

Поврзани содржини