ГИ СПРЕЧУВАЛЕ СУДИИТЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО СОБЛЕКУВАЛНИТЕ Полицијата интервенираше на мечот Башкими-Беласица

По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото „фиат браво" со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

586

На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални.

По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото „фиат браво” со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини