Ѝ ГИ СКРШИЛ ПРЕДНИТЕ ВЕТРОБРАНСКИ СТАКЛА НА ВОЗИЛОТО Скопјанец се заканувал на сосетката

Полицијата соопшти дека лицето било пренесено во здравствена установа и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

606

Скопјанец се заканувал од својата сосетка и ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и на уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа, информираше Министерството за внатрешни работи.

„На 25.03.2025 во 16.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(36) од Скопје“, се вели во полицискиот билтен.






Лицето, според соопштението, се сомничи дека околу 14.40 часот со остар предмет се заканувал на неговата сосетка А.С.(26).

Полицијата соопшти дека лицето било пренесено во здравствена установа и дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Поврзани содржини