ГИ СИМНУВАЛЕ ПАТНИЦИТЕ ПРЕД ГРАНИЦА, ПА ГИ ЧЕКАЛЕ НА 500 МЕТРИ ОД ГРАНИЦАТА Струмичани возеле во странство без лиценци
По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во рамки на претходно организирана оперативна акција во близина на ПС за ГП „Табановце“ од страна на полициски службеници од Оддел за гранични работи и миграции во соодејство со полициски службеници од РЦ за ГР Север, сопрени се три патнички моторно возила – комби кои вршеле јавен меѓунареден превоз на патници без лиценци и друга соодветна документација. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првото комбе марка „форд транзит“ со струмички регистарски таблички управувано и сопственост на лицето В.П. од Струмица, откако остварило влез во земјава преку ГП „Табановце“ празно и без патници, во близина на граничниот премин застанало и им дозволило на шест лица патници да се качат во комбето, а по претходен договор лицата пеш да ја минат државната граница и потоа да се качат во комбето за да се превезат до Струмица.
Второто комбе марка „мерцедес“ исто така со струмички регистарски таблички, сопственост на Ј.С. од Струмица, управувано од П.Р. од Струмица е сопрено околу 300 метри пред излез од земјава, пред ГП „Табановце“, и констатирано е дека возилото не поседува лиценца за вршење на јавен меѓународен превоз, а превезувало осум патници за Германија.
„На влез во земјава е сопрено уште едно комбе марка „мерцедес“ со струмички регистарски таблички сопстевеност на Р.Р. од Струмица, а управувано од К.Ѓ. од Струмица, во кое имало пет патници кои патувале од Германија. При проверката било утврдено дека возачот не поседува соодветна документација за извршување на јавен меѓународен превоз, а исто така земени се писмени изјави од патниците кои изјавиле дека патуваат од Германија и на возачот му платиле 120 евра по лице за превоз, а државната граница помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија ја поминувале пеш. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, се наведува во соопштението од МВР.