Пред точно една година, се роди Арчи Харисон Монтбатен-Виндзор, син на принцот Хари (35) и поранешна американска актерка Меган Маркл (37).
– Тоа беше најневеројатното искуство кое некогаш можев да го замислам. Како жените го прават она што го прават е невозможно да се разбере. И двајцата сме апсолутно одушевени и благодарни на сите за поддршката. Беше неверојатно и сакавме тоа да го споделиме со вас – изјавил Хари неколку дена по раѓањето.
Меган оваа недела снимила видео во кое ја чита приказната „Патка! Зајак!“, а инстаграм-профилот „Save The Children UK“ ја објави снимката. Малиот Арчи се смее додека неговата мајка Меган му ја чита книгата и го бакнува по главата.
ФОТО: Инстаграм