ГИ ПРИЈАВИВМЕ ВО ПОЛИЦИЈА ГРАЃАНИТЕ КОИ ГИ ИЗБРКАА ПОПИШУВАЧИТЕ Симовски вели дека околу 300.000 иселеници не се самопопишале

Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

5,909

Резултатите од пописот ќе покажат дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат македонско државјанство, а не се попишале, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во вестите на Телма.

Пописот заврши во септември годинава, а за обработка на податоците потребно е време од околу половина година.






– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале – истакна Симовски.

На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000 што се самопопишаа од странство.

Поврзани содржини