„ГИ ПРЕДУПРЕДИВМЕ ДЕКА ПОСТОИ ГОЛЕМ РИЗИК ОД ЗЕМЈОТРЕС“ Потресот во Мјанмар не бил неочекуван?

Беше тивко околу 200 години. Врз основа на овие историски студии, како и современите геофизички истражувања, знаевме дека овој сегмент од раседот најверојатно ќе предизвика голем земјотрес во блиска иднина, рече истражувачот Шенџи Веи од Сингапур, додавајќи дека ја информирал владата на Мјанмар и локалните научници за ризикот.

5,749

Сеизмолози во Сингапур 10 години ја проучувале сеизмичката опасност од голем земјотрес во Мјанмар и ги предупредиле колегите од Мјанмар за големиот ризик, вели за Си-Ен-Ен Шенџи Веи, главен истражувач во Земјината Опсерваторија во Сингапур. Тој вели дека ударот со јачина од 7,7 според Рихтерова скала што го погоди Мјанмар не беше неочекуван настан.

– Беше тивко околу 200 години. Врз основа на овие историски студии, како и современите геофизички истражувања, знаевме дека овој сегмент од раседот најверојатно ќе предизвика голем земјотрес во блиска иднина – рече Веи, додавајќи дека ја информирал владата на Мјанмар и локалните научници за ризикот.






Според Веи ударот се случил долж дел од раседот Сагаинг, голема геолошка раседна линија која во минатото имаше големи земјотреси.

Метеорологот на Си-Ен-Ен Дерек Ван Дам, вели дека се работи за дефект од лизгање од две тектонски плочи кои се движеле една кон друга, индиската и евроазиската.


– Индиската и евроазиската плоча всушност се движеа настрана една во однос на друга, предизвикувајќи интензивно тресење точно на површината. Изјавено е дека од насилни до екстремни потреси биле погодени милиони луѓе ширум Мјанмар. Вкупно, речиси 90 милиони луѓе почувствувале барем благо тресење на земјата – вели тој додавајќи дека се очекуваат последователни потреси и дека операциите за пребарување и спасување ќе траат со денови, ако не и со недели.

Хунтата во Мјанмар во редок апел побара помош од „секоја земја и од секоја организација“ во врска со трагичниот настан. Бројката на загинати во Мјанмар се зголеми на 144, додека повеќе од 700 лица се повредени. Во Бангкок во Тајланд, спасувачите уште ги бројат затрупаните луѓе под урнатитните.

Роџер Мусон, почесен истражувач во Британскиот геолошки институт (BGS) вели дека зградите во Мјанмар не се дизајнирани да бидат отпорни на силни сеизмички сили „што доведува до поголема штета и повеќе жртви“. Тој вели дека последен сличен земјотрес во регионот имало во 1956 година.

Геофизичар од Националниот информативен центар за земјотреси на САД, пак, ја спореди силината на потресот во Мјанмар со силните земјотреси кои ги снајдоа Турција и Сирија во 2023 година.

 

Поврзани содржини