Ги предупреди жителите за ризикот од ковид-19, па се омажи пред 150 луѓе (ВИДЕО)
Веднаш следеше лавина критики од жителите, кои ја нападнаа градоначалничката затоа што не ги почитуваше мерките.
Мексиканска градоначалничка, кој ги советуваше жителите да избегнуваат масовни собири со цел да се запре ширењето на вирусот ковид-19, во саботата се омажи пред 150 луѓе.
Патриша Дуран, градоначалничката на Наукалпан во Мексико, се омажи за поранешниот полициски комесар Лазар Гаитан пред најмалку 150 гости, пренесува „Дејли Меил“.
Сепак, наместо да се одржи церемонијата во државата Мексико, каде владата го зголеми ризикот од пандемија на „црвено“ – највисоко ниво на ограничувања, Дуран (48) и Гаитан разменија завети на 100 километри во државата Морелос, каде што нивото на ризик во моментов е портокалово.
Под портокалово ниво, второто највисоко предупредување, на жителите им беше препорачано да не учествуваат на масовни собири.
Истиот ден кога невестата рече „да“, Дуран на својот Фејсбук профил објави предупредување на шпански јазик: „Ковид-предупредување, ние сме на црвено ниво на ризик“.
Веднаш следеше лавина критики од жителите, кои ја нападнаа градоначалничката затоа што не ги почитуваше мерките.
Медиумите јавуваат дека многу гости не носеле маски затоа што не сакале да си ја расипат шминката.
Во понеделникот Мексико беше на четвртото место во светот со 118.202 смртни случаи, а на 13-то место според бројот на заболени – повеќе од 1,3 милиони лица.