ГИ ПОСАДИЈА КАЦАРСКА, РУСКОСКА, ТРПКОВ И КОЦЕВСКИ, НИКНАА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА Да не се заборави нивната улога на џелати, порачува ВМРО-ДПМНЕ

Птавосудтсвото буквално може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш, но правдата во Македонија доаѓа и реформите се во тек, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

843

Одбраните судии на СДСМ и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДСМ и ДУИ ги посеаја Добрила Кацарска, Вилма Рускоска, Илија Трпков и Љупчо Коцевски и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш. Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на обвинителката Рускоска, која преку судиите Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Тандемот Трпков и Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април, додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДСМ се распаѓаше по сите основи, се додава во соопштението.

„Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда и нивното политичко водење на случаите. Ова не проаѓа без нивниот сијамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДСМ и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара. Затоа СДСМ се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски и не се откажуваат од своите политички кадри во судството“, се вели во соопштението.

Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини