ГИ ПОЛЕВАЛЕ ЖРТВИТЕ СО ВРЕЛА ВОДА!? Малолетни Италијанци уапсени за брутално насилство
Истражителите претпоставуваат дека насилството е поврзано со долгови за дрога.
Италијанските карабинери денеска уапсија 11 лица, вклучувајќи и пет малолетници, врз основа на судска наредба за наводно киднапирање и мачење на неколку жртви во римскиот кварт Масимино.
Осомничените, сите Италијанци, наводно ги однеле жртвите од нивните домови во гаража, ги врзале за рацете и нозете и ги подложиле на „повторени акти на суровост, како што се удирање со тупаници, шипки и други тапи предмети, во некои случаи осомничените истурале врела вода врз жртвите, предизвикувајќи им сериозни повреди“ – објавува Анса, повикувајќи се на неименувани извори.
Истражителите претпоставуваат дека бруталното насилство е поврзано со долгови за дрога.