ГИ ПОЧИТУВАМЕ СИТЕ НАШИ ОБВРСКИ Русија продолжува да извезува енергија, вклучително и преку Украина
Ние ги почитуваме сите наши обврски во врска со снабдувањето со енергија, рече рускиот претседател Владимир Путин за време на седница на руската Влада посветена на последиците од санкциите, емитувана на телевизија.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва продолжува да извезува нафта и гас, вклучително и преку Украина, пренесе Бгнес.
– Ние ги почитуваме сите наши обврски во врска со снабдувањето со енергија – рече Путин за време на седница на руската Влада посветена на последиците од санкциите, емитувана на телевизија.
Тој додаде дека „дури и системот за пренос на гас во Украина е 100 отсто полн, согласно договорите“.