ГИ ПОБЕДИВМЕ ИТАЛИЈАНЦИТЕ ВО ИТАЛИЈАНСКИ СТИЛ На играчите им реков да се забавуваат и тие го направија тоа

Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Благоја Милевски, кој ја однесе македонската репрезентација во финалето од мундијалскиот бараж во кое во вторник на гостински терен противник ќе биде Португалија.

1,421

Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи.

– Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи – изјави Милевски, кој ја однесе македонската репрезентација во финалето од мундијалскиот бараж во кое во вторник на гостински терен противник ќе биде Португалија.






– (Елиф) Елмас се враќа за финалето и ќе ни биде од голема помош. Многу сум среќен поради Трајковски за голот. Знаевме дека Италија е голем тим со многу шампиони, но игравме како што требаше. Пред натпреварот им реков на играчите да се забавуваат и тие го направија токму тоа – додаде Милевски.

Поврзани содржини