ГИ ПАЛЕЛЕ ДУШЕЦИТЕ ОД КРЕВЕТИТЕ ЗА ДА ГИ ПРОДАДАТ ФЕДЕРИТЕ Две лица приведени во Струга
„На 02.08.2025 во Градската депонија во Струга, пријавените запалиле душеци за да ги извадат федерите и бакарните жици за да ги продадат, но биле затекнати од вработените во Територијалната противпожарна единица Струга и биле пријавени во ОВР Струга“, се вели во полицискиот билтен.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).