📷 ГИ ОТКРИЈА ДЕТАЛИТЕ Еве зошто Зак Ефрон заврши во болница на Ибица, откако беше извлечен од базенот

Холивудскиот актер Зак Ефрон (36) минатиот викенд заврши во болница на Ибица, Шпанија, по „мал инцидент во базен“.

423

Холивудскиот актер Зак Ефрон (36) во текот на викендот заврши во болница на Ибица, Шпанија, по „мал инцидент во базен“. Странските медиуми објавија дека двајца мажи го извлекле актерот од базенот, а неговиот претставник изјавил дека Ефрон завршил во болница само превентивно. Актерот не го задржале долго таму, а веќе следниот ден, Ефрон објави фотографија од себе како вежба со порака дека сè е во ред со него и на сите им се заблагодари за убавите желби.

 






Извори сега изјавиле за американскиот портал ТМЗ дека Ефрон завршил во болница откако отишол на нурка. Тој наводно удрил во дното на базенот и белите дробови му се наполниле со вода. Други забележале дека нешто не е во ред со него и го извлекле надвор, па го однеле во болница.

Лекарите го прегледале и направиле тестови за да утврдат дека нема повеќе вода во белите дробови и го отпуштиле од болница. Веќе во неделата објави фотографија на која вежба, а таа вечер се почестил и со вечера. Тој, наводно, се вратил од својот одмор во САД во понеделникот.

Во саботата наутро неговиот претставник изјави дека станува збор само за помал инцидент и дека актерот добро закрепнува.

Поврзани содржини