ГИ ОСВОИЈА МЕДАЛИТЕ ВО СЕКОЈА КОНКУРЕНЦИЈА Јуниорите од шаховскиот клуб Алкалоид горди на својот успех

Екипите беа поделени по возрасни категории, при што јуниорите на најтрофеен шаховски колектив освоија медали во секоја конкуренција каде што настапија.

49

На 19 и 20 ноември во Скопје се одржа екипното младинско првенство на Македонија во шах, каде што претставниците на шаховскиот клуб Алкалоид освоија најмногу медали во сите конкуренции.

Екипите беа поделени по возрасни категории, при што јуниорите на најтрофејниот шаховски колектив освоија медали во секоја конкуренција каде што настапија.






На крајот, шаховскиот клуб Алкалоид имаше „шест од шест“, односно медал со секоја екипа која беше составена од најмалку четири играчи (плус резерви).

Во конкуренциите каде што имаше повеќе од 4 пријавени екипи, беа направени Група А и Група Б, по што по две најуспешни од двете одеа во финалната група и се бореа за медали.

Линк за повеќе детали:

http://chess-results.com/fed.aspx?lan=1&fed=MKD

 

Возрасни категории ш.к. Алкалоид ш.к. Гамбит ш.к. Центар
U8 (Under 8 years) 3 1 4
U10 2 1 3
U12 1 2 4
U14 2 1 3
U16 1 4
U18 2 1
Вкупно 1.места 2 3 1
Вкупно 2.места 3 1
Вкупно 3.места 1 2

 

Поврзани содржини