📷 ГИ ОБОИЛ РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ СО ЦРВЕНА БОЈА И ВГРАДИЛ ФЛЕШЕРИ Приведен е 56-годишен тетовец

„Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци“, наведено е во полицискиот билтен.

338

Вчера во 16:40 часот поради сторени сообраќајни прекршоци по член 139 точка 11, член 36 точка 5 од Закон за возила и член 225 точка 9 од Закон за безбедност на патниот сообраќај, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го приведоа Р.Љ.(56) од Тетово, кој се движел со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Од него се одземени преправени регистарски таблички и вградени светлосни сигнали флешери, а по документирање на случајот ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини