ГИ НЕМА ПОДМОРНИЦИТЕ, СЕ ПОДБИВА МЕДВЕДЕВ СО ТРАМП Политичарите си разменија нуклеарна реторика

Трамп повторно ги спомена подморниците што наводно ги испратил покрај бреговите на Русија. Како што велат, тешко е да се најде црна мачка во темна соба – особено ако ја нема таму, се подбива поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

308

Додека под мразот на Арктикот се движат руските подморници, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев и американскиот претседател Доналд Трамп започнаа вербална битка.

Во вторникот, 30 септември,  Трамп го нарече Медведев „глупав човек“ тврдејќи дека, согласно своја наредба од 1 август, преместил „една или две подморници“ на бреговите на Русија.






Следеше мајтапџиски одговор од Медведев на Икс:

„Нова епизода од трилер серијата. Трамп повторно ги спомена подморниците што наводно ‘ги испратил покрај бреговите на Русија’, инсистирајќи дека подморниците биле „многу добро скриени. Како што велат, тешко е да се најде црна мачка во темна соба – особено ако ја нема таму“.

Трамп на 1 август оваа година изјави дека наредил две нуклеарни подморници да бидат позиционирани во „соодветните региони“ како одговор на забелешките на Медведев за ризикот од војна меѓу нуклеарно вооружените противници.

Безбедносните аналитичари го нарекоа потегот на Трамп реторичка ескалација со Москва, но не нужно воена, со оглед на тоа што Соединетите Држави веќе имаат подморници на нуклеарен погон кои се распоредени и способни да ја нападнат Русија.

Медведев имаше мала вербална кавга со Трамп и во мај, кога, одговарајќи на написот на Трамп кој напиша дека „Путин си игра со оган“.

Медведев тогаш му одговори на Трамп во име на Путин објавувајќи:

„Во врска со зборовите на Трамп за ‘играње со оган’ на Путин и „навистина лоши работи“ што ѝ се случуваат на Русија. Знам само за едно НАВИСТИНА ЛОШО нешто – Трета светска војна. Се надевам дека Трамп го разбира ова!“.

Во меѓувреме, руски беспилотни летала сè почесто навлегуваат во воздушниот простор на НАТО – Полска, Данска, Норвешка.

 

Поврзани содржини