ГИ НАПАДНАЛЕ ДОДЕКА РАБОТЕЛЕ НА ОБЈЕКТ СРЕДЕ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ Татко и син се пресметале со тројца крадци

Лицата физички ги нападнале таткото и синот, при што употребиле и тврди предмети, а на синот му одзеле мобилен телефон.

407

На 20.10.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, В.К.(45) од Скопје пријавил дека на 19.10.2024 околу 17.20 часот на подрачјето на Центар, додека со својот татко извршувале работни задачи во објект, затекнале три лица кои вршеле кражба.

Притоа, лицата физички ги нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а на него му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини