ГИ НАПАДНАЛА СО ДРВЕН ПРЕДМЕТ НА ЧАС ПО ФИЗИЧКО Наставничка истепала ученички во соблекувална
На 27.02.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот во соблекувална од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, неговата малолетна ќерка и неколку нејзини соученички биле физички нападнати од наставничката Е.Ј., која употребила и дрвен предмет, се вели во полицискиот билтен.
Наставничка со дрвен предмет нападнала неколку малолетни ученички во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар. Случајот го пријавил таткото на една од ученичките, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 27.02.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот во соблекувална од основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, за време на час по физичко воспитување, неговата малолетна ќерка и неколку нејзини соученички биле физички нападнати од наставничката Е.Ј., која употребила и дрвен предмет“, се вели во полицискиот билтен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.