ГИ НАПАДНАЛ РОДИТЕЛИТЕ, ПА ГО ИЗБОЛ ВУЈКО СИ Крвава семејна драма во тетовско село

29-годишен жител на тетовско село заврши со кривична пријава откако по расправија со своите родители го нападнал вујко си и му нанел убодни рани.

218

Во тетовско село се случил инцидент кој завршил со крвопролевање, кога 29-годишен маж го нападнал својот вујко со остар предмет и му нанел убодни рани.

Според информациите од полицијата, пријавениот М.М. најпрво се однесувал агресивно кон своите родители, по што сите заедно се упатиле кон домот на неговиот вујко. Таму, по кратка расправија, младиот маж изгубил контрола и физички го нападнал вујко си.






Полицијата брзо интервенирала, а повредениот бил пренесен на лекарски преглед. Од СВР Тетово потврдија дека против М.М. е поднесена кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ и „насилство“.

Од надлежните се најавува дека ќе се испитаат сите околности околу случајот и ќе се преземат соодветни мерки.

Поврзани содржини