Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија завчера поднела кривичнa пријавa до ОЈО Гевгелија, поради постоење основано сомнение дека 36-годишниот А.С. од Скопје сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 ст. 3 в.в. со ст. 1 од Кривичниот законик.
„Во текот на месец април 2019, тој го довел и го држел во заблуда оштетениот Ќ.Г. од Гевгелија, лажно прикажувајќи му факти и ветувајќи му дека може значително да ја забрза постапката за посвојување на дете, пред посебна комисија при Министерство за труд и социјална политика, која постапка, оштетениот и неговата сопруга ја започнале претходно, а пријавениот лажно го убедувал дека познава лице кое е вработено во комисијата, при што го натерал оштетениот на 12.04.2019 да му исплати на пријавениот 180.000 денари на трансакциска сметка, која била во сопственост на лицето В.Т. од Скопје“, наведено е во полицискиот билтен.