ГИ ИЗВАДИЛЕ ЛУЛАШКИТЕ ЗА ДА ОБЕСАТ ЈАГНИЊА „Анима мунди“ открива скандал во градинката во Делчево (ФОТО)

Ги повикуваме АХВ и МТСП итно да постапат, ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и се останато што не доликува на вработени во воспитно образовна институција, реагираат од „Анима мунди“.

1,726

Откако колење на јагниња во градинка стана прифатливо, нормално, не постои веќе ништо што би можело да нѐ изненади во оваа недојдија, реагира Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ преку соопштение.

Оттаму посочуваат дека во детската градинка „Весели цветови“ во Делчево, вработените заклале две јагниња, ги обесиле на кука и ги испекле. И сето тоа во дворот на градинката.






„Вработените од градинката ‘Весели цветови‘ во Делчево, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин и ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество. Ги повикуваме АХВ и МТСП итно да постапат, ова е мачење на животни, траумирање на деца, нормализирање на чин на колење и се останато што не доликува на вработени во воспитно образовна институција“, реагира Анима мунди.

Во продолжение, погледнете ги фотографиите од колењето, дерењето и од јадењето:

 

Поврзани содржини