Aктерката Ешли Тиздејл се огласила на својот инстаграм-профил, па со своите следбеници споделила фотографија и открила дека ги извадила силиконите од градите.
Ешли навела дека по естетската корекција на градите имала одредени здравствени проблеми, како и дека поголемото деколте само накратко ја направило посреќна и посигурна во себе.
„Како што знаете, отворена сум кога моето психичко здравје е во прашање, а мислам дека ова е подеднакво важно. Пред многу години бев на операција за да ги зголемам градите. Пред операцијата, постојано чувствував дека моето тело не е вредно и мислев дека зголемувањето на градите ќе ми го промени животот и ќе направи да имам повеќе самодоверба. И во краток временски период така беше“, напишала актерката на Инстаграм и додала дека веќе извесно време имала помали здравствени проблеми поради силиконите, како на пример, тоа дека станала алергична на одредена храна, поради што одлучила да ги извади.
ФОТО: Инстаграм