ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ Ѕвездата на „Самрак“ ќе се венча со својата девојка (ФОТО)

Кристен и сценаристката Дилан Мајер првпат беа видени како се бакнуваат јавно во август 2019 година во Њујорк.

1,639

Американската актерка Кристен Стјуарт (31) се согласи да се венча со својата девојка Дилан Мајер, откри ѕвездата од петделниот филмски серијал „Самрак“, во кој ја глумеше фаталната Бела Свон, за време на гостувањето во утринска програма на Хауард Стерн.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kristen Stewart (@kristenstewartu)






– Сакав да бидам запросена, а таа тоа го знаеше. Неколкупати дискретно ѝ спомнав и таа успеа мојата желба да ја претвори во реалност. Беше навистина слатко. Ќе се венчаме и тоа навистина се случува – рекла Кристен и објаснила со какви дилеми се соочила како член на геј заедницата:

– Не бев сигурна дека тоа ќе бидам јас. Знаете на што мислам… Кога две девојки се во врска, никогаш не знаеш кој ќе биде запросен. Ние не размислуваме во тие термини на родовите улоги. Таа само ја презеде таа улога на себе и пресудно влијаеше тоа да се случи. Беше слатко – истакна актерката, која често заземаше високи позиции во анкетите на листите за најубави жени.

Кристен и сценаристката Дилан Мајер првпат беа видени како се бакнуваат јавно во август 2019 година во Њујорк. Тие се запознаа пред седум години на филмски сет, а во октомври 2019 година, Мајер објави на Инстаграм црно-бела фотографија на која се бакнуваат, што беше официјална потврда дека се во врска.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kristen.stewart.archive

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини