Ги избркале од маса новинарите на Би-би-си за да седнат Бајден и сопругата ВИДЕО

На видеото кое на Твитер го објави Морган Гишолт Минард, продуцентка на вестите на BBC, која морала да се откаже од своето место, се гледа како таа ги собира своите работи додека шефот на обезбедувањето на Бајден ја гледа.

528

Двајца новинари на BBC морале да ја отстапат масата на терасата на хотелот Tregenna Castle во Кронвол за првиот човек на САД Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден да можат да седнат на тоа место.

На видеото кое на Твитер го објави Морган Гишолт Минард, продуцентка на вестите на BBC, која морала да се откаже од своето место, се гледа како таа ги собира своите работи додека шефот на обезбедувањето на Бајден ја гледа. Едновремено, келнерот го носи пијалакот и храната која Минард и нејзиниот избркан колега Џон Сопле, уредник на вести во BBC ги нарачале.






Самитот Г7почна денеска во Корнвол во Велика Британија.

Поврзани содржини