„ГИ ИМАШЕ МНОГУ“ Актерката пишува шокантни мемоари за холивудските ѕвезди со кои била интимна
Холивудската актерка Баи Линг ги најави своите мемоари под наслов „Моите безобразни романси во Холивуд“, во кои ќе пишува за своите бурни романси со холивудските ѕвезди.
Холивудската актерка Баи Линг ги најави своите мемоари под наслов „Моите безобразни романси во Холивуд“, во кои ќе пишува за своите бурни романси со холивудските ѕвезди.
Актерката Баи Линг најави дека мемоарите ќе бидат „шокантни“ и дека за објавата на мемоарите била инспирирана од Бритни Спирс.
Баи Линг ја поврзуваа со многу актери, Мики Рурк, Ник Картер, Лајонел Ричи, Крис Исак…
Актерката најави дека мемоарите ќе содржат интересни приказни за „многу мажи“.
„Бев слободна, можев да излегувам со кого сакам. Мислам дека ги запознав сите тие познати личности со причина, ќе пишувам за повеќето од нив, за луѓето да знаат дека една девојка од Кина, која дошла овде без да познава никого, ги запознала сите тие мажи”, објаснила таа.
Лин открила дека во своите мемоари ќе пишува за врската со актерот Мики Рурк, но и дека ќе ги шокира читателите со кои ѕвезди била во врска. Таа додала дека нејзиниот адвокат ја советувал дека може да го користи своето вистинско име доколку тоа што го пишува е вистина.
„Ќе бидат нервозни. Јас ќе бидам нервозна. Ќе биде шокантно. Тоа е приказна што морам да ја раскажам“, најавила таа и открила дека веќе напишала 200 страници од книгата.
„Морам да избришам некои љубовници во моментов. Не можам да ги вклучам сите. Не можам да се сетам колку љубовници сум имала. Имаше многу“, објаснила таа.